Вардар не успеа да победи: Спахиу промаши пенал против Чаквар


Каков луд викенд: Интер - Милан и Манчестер Сити - Арсенал ↓↓↓


Вардар, ја продолжува својата подготовка во Анталија. Денеска тимот одигра уште еден пријателски натпревар, завршувајќи со нерешен резултат против унгарскиот Чаквар.

Иако „црвено-црните“ беа на чекор до победа, не успеаја да го искористат пеналот. Едиз Спахиу не успеа да реализира од белата точка.

Вардар ќе продолжи со своите активности во Анталија до 8 февруари. Следниот пријателски натпревар ќе се игра на 5 февруари против Рапид Виена од Австрија.