Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Најтрофејниот македонски клуб Вардар го освои второто место во македонската Прва лига и избори пласман во квалификациите од Лига Европа, но сепак нема да игра во европското натпреварување.
Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) денеска ја одби жалбата на „црвено-црните“, па Вардар остана без шансата за излез во Европа.
„Жалбата на ФК Вардар АД – Скопје се одбива како неоснована, одлуката на Комисијата за лиценцирање се потврдува. Оваа одлука е конечна“, соопшти ФФМ.
Освен Вардар, лиценца за настап во Европа не доби Победа, додека сите останати осум прволигаши добија лиценца за излез во европските натпреварувања.
Ова е навистина тежок удар за „црвено-црните“, кои сигурно се разочарани по одбивањето на нивната жалба.