Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Македонскиот шампион Вардар загуби на гостувањето кај Нексе со 25-28 во третото коло од групната фаза во СЕХА-лигата, иако на моменти имаше голема неизвесност на теренот.
Нексе го доби првото полувреме со три голови разлика (15-12), по што на стартот на вториот дел ја зголемија предноста на 17-12. Вардар почна да се буди на средината на второто полувреме, кога намали на еден негатива (19-20), но Хрватите со брз центар успеваа да се вратат во сигурно водство.
Вардар грешеше во напад, а тоа го користеше Нексе кој пак избега на 25-22. Македонскиот првак за момент се врати во игра 24-25, меѓутоа домаќинот не дозволи изненадување и славеше со 28-25.
Ова е втор пораз за Вардар во групата Б и сега има само три бода по три одиграни меча, додека Нексе е прв со шест бодови.