Вардар парираше едно полувреме, па се распадна против Рајн-Некар


Кој тепа, Ливерпул или Челзи!? ↓↓↓


Вардар го загуби првиот натпревар од Рајн-Некар Левен со 24-35 во плејофот за пласман во групната фаза на Европската лига.

„Црвено-црните“ имаа негатива од самиот старт на мечот, кога Рајн-Некар поведе со 7-3, но до полувреме успеаа да израмнат на 14-14.

Скопскиот гигант парираше уште осум минути во вториот дел (17-18), кога се случи пад во играта на Вардар и следеше вистински потоп.

Грешките во нападот на македонската екипа веднаш беа казнети од германскиот гигант, кој на крајот славеше со убедливи 35-24.