Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Најтрофејниот македонски клуб Вардар денеска ќе го почне патешествието во Првата лига, откако по две години пауза се врати во елитата.
„Црвено-црните“ сè уште имаат финансиски проблеми, но фудбалерите покажаа дека имаат карактер и сила да ги поминат тешките денови.
Прв ривал на Вардар во Првата лига ќе биде Брера Струмица, односно поранешна Академија Пандев со која „црвено-црните“ досега одиграле шест меча и имаат четири победи и два порази.
Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) забрани присуство на „Комити“ на стадионот во Струмица, но и покрај тоа најверните навивачи решија да патуваат за да дадат поддршка на своите фудбалери.
На останатите натпревари Струга Трим Лум ќе се соочи против Гостивар, Македонија Ѓорче Петров гостува кај Тиквеш, додека Воска Спорт ќе се пресмета против Шкендија. Натпреварите се играат од 17 часот.