Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Најтрофејниот македонски клуб Вардар го доби најважниот меч оваа сезона, кој го одигра против Скопје (3-0) во баражот за враќање во Првата лига.
Вардар мина низ тежок период во кој финансиските проблеми повторно беа главна тема, но и покрај тоа оваа генерација гордо го носеше црвено-црниот дрес и избори пласман во Прва лига, а головите ги постигнаа Дарко Размоски и Дарко Глишиќ.
„Црвено-црните“ се враќаат во Првата лига, а сега следи голема битка за решавање на финансиските проблеми пред новите предизвици во елитата.