Вардар подобар од Работнички во скопското дерби


Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓


Најтрофејниот македонски фудбалски клуб Вардар славеше во градското дерби против Работнички со 1-0 во рамки на 11. коло од Првата лига.

Вардар го постигна единствениот гол преку капитенот Дарко Мицевски во 77. минута од пенал, но тој потоа се повреди при прославата на погодокот.

На останатите натпревари Струга ја прегази Македонија ЃП со 3-0, Шкендија одигра 1-1 против Брера Струмица, а Шкупи славеше против Брегалница со 1-0.

„Црвено-црните“ по 10 одиграни меча имаат осум бодови и се наоѓаат на последното место, а пред нив се Гостивар, Воска Спорт и Македонија ЃП со 11 бода од 11 одиграни натпревари.