Вардар постигнал спонзорски доовор со познат светски бренд


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Македонскиот ракометен тим Вардар закажа прес-конференција за вторник кога треба да го промовира новиот спонзор.

Според соопштението, Вардар постигнал договор со познат светски бренд за долгорочна соработка.

Засега не е познато за кој светски бренд станува збор, но истиот треба да помогне на клубот да има стабилна финансиска иднина.

На прес-конференцијата ќе бидат присутни извршниот директор на Вардар, Борко Ристовски и извршниот директор на компанијата.