Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Најтрофејниот македонски фудбалски клуб Вардар одигра 1-1 против Маџари во 24. коло од Првата лига.
„Црвено-црните“ имаа водство од 18. минута, кога погоди Лемос, а во продолжение од средбата пропуштија неколку добри шанси, па казната стигна во финишот преку Аганспахиќ.
Судијата имаше полни раце работа, па мораше да додели и два црвени картони поради инцидент во 58. минута од средбата.
Останати резултати:
Силекс – Брера Струмица 2-1
Брегалница – Гостивар 0-0
Воска – Шкупи 0-0
Македонија ЃП – Тиквеш 1-0