Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Денеска беа извлечени паровите од првото коло во Купот на Македонија, а ждрепката донесе неколку интересни пресметки, меѓу кои во центар на внимание ќе бидат тие на Вардар – Победа, Пелистер – Љуботен и други.
Ќе се игра по еден натпревар, а ланските финалисти Силекс и Академија Пандев директно се пласирани во следната рунда. Треба да се спомене и дека ако натпреварите во оваа фаза завршат нерешено веднаш се изведуваат пенали.
КУП НА МАКЕДОНИЈА – ПРВО КОЛО:
Детонит – Македонија ЃП
Победа – Вардар
Кит-Го – Шкендија
Беса – Скопје
Локомотива – Охрид
Љуботен – Пелистер
Гостивар – Ренова
Кораб – Беласица
Њу Старс – Борец
Слога Виница – Работнички
Новаци – Тиквеш
Саса – Струга ТЉ
Воска Спорт – Брегалница
Велешта – Шкупи