Вардар: Разочарани сме од Алкалоид!


Disc Golf challenge: Дали некој ќе погоди од прва!? ↓↓↓


Од редовите на Вардар денеска објавија соопштение во кое изразуваат незадоволство од односот на Алкалоид по убедливата победа на „црвено-црните“.

Како што информираат од Вардар, Алкалоид поднел жалба по натпреварот.

Во продолжение соопштението на Вардар:

„Ракометниот клуб Вардар секогаш бил за спортски ферплеј и за победа на ракометот, без разлика дали победувал или бил победен. За нас најважно е самите да извлечеме поуки од грешките и пропустите и да ги исправиме, без притоа да гледаме во туѓиот двор и да бараме алиби за евентуалните слаби игри и резултати. Така ќе биде и во иднина, и веруваме дека и сите наши ривали ќе се однесуваат на ист начин. Особено сме изненадени од однесувањето на официјалните лица на нашиот градски ривал Алкалоид чии претставници после одиграниот меч во СЦ ‘Јане Сандански’ во записникот најавија жалба за материјална повреда која влијае на исходот на резултатот. Вардар победи убедливо со 34-26 прикажувајќи одлична и убедлива игра, и во текот на целиот меч водеше, што само покажува дека во ниту еден момент ривалот немаше шанса да се приближи резултатски, и целосно доминиравме. Тој меч Вардар го одигра мастрално и немаше никаква материјална повреда која влиајеше на резултатот. Мораме да потенцираме дека сме особено разочарани што после ваков триумф над Алкалоид, нашите соседи се обидуваат да ја омаловажат нашата победа, и да бараат најразлични банални причини за својот пораз. На мечот Вардар имаше повеќе исклучени играчи и беа досудени повеќе пенали против нас, за разлика од нашиот противник, кој сега си бара оправдување. Свесни сме дека овој период од сезоната е многу важен, и секој бара алиби за сопствените порази, но тоа не треба да се бара на начин со кој се омаловажуваат другите. Секој треба да си ги бара грешките во сопствените редови. Не сакаме да се навраќаме на она што било во минатото, но сигурни сме дека многумина ќе се сетат каков третман имаа одредени клубови, и редно време е веќе ракометот да биде спорт во кој ќе победи подобриот, а не оној што ќе направи поголем притисок. Ракометот е нашата заедничка гордост и треба да го браниме од оние што се во него поради лични интереси. Новото раководство на РФМ има шанса и треба истата да ја искористи, да не дозволи поедини клубови да вршат притисоци и да се обидуваат на тој начин да ги остваруваат своите цели“, соопшти на Вардар.