Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Поранешниот македонски шампион Вардар минатата сезона го освои само Купот на Македонија, а оваа сезона ќе се обиде да ја освои титулата во домашниот шампионат.
Вардар почна да бара нови засилувања и веќе договори неколку ракометари, а последен на листата со желби е Немања Зеленовиќ.
Зеленовиќ играше за Гумерзбах, Магдебург и Гепинген, а претходно го носеше дресот на Висла Плоцк, Целје и Црвена Звезда.
„Моцарт Спорт“ пишува дека преговорите биле во тек, па наскоро „црвено-црните“ би можеле да добијат големо засилување на десната бековска позиција.