Вардар се изнамачи со Мешков, но се пласираше во финалето на СЕХА Лигата

Екипата на Вардар дојде до многу тешка победа против Мешков Брест во полуфиналниот натпревар од СЕХА Лигата.

Избраниците на Парондо со 25:23 го совладаа белорускиот шампион во драматична завршница на вториот полуфинален натпревар.

Вардар одигра извонредно прво полувреме кое го доби со 14:10, но уште на стартот на вториот дел Белорусите брзо ја анулираа предноста и натпреварот замина во неизвесна завршница.

Сепак, последните десетина минути вардарци ја вратија предноста која не ја испуштија до самиот крајна средбата.

Ова е вкупно седмо финале за Вардар во СЕХА Лигата во кое утре од 19:00 часот ќе се сретне со ППД Загреб.

Најпрецизен во таборот на Гарсија Парондо беше капитенот, Стојначе Стоилов со седум погодоци, додека неверојатен на голот беше Дејан Милосављев со 18 интервенции.