Вардар се враќа во базата во Хиподром


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Најтрофејниот македонски клуб Вардар никако да ги надмине проблемите, но полека се работи на решавање на истите.

Управата на Вардар соопшти дека екипата се враќа во базата во Хиподром, па така фудбалерите ќе имаат квалитетни услови за тренинг.

„ФК Вардар официјално се враќа во својата база во Хиподром. По неопходната реконструкција на самиот објект, нашите фудбалери предводени од стручниот штаб, повторно ќе ги имаат најдобрите услови за тренинг. Борбата за Вардар продолжува. Во недела играме дома, против екипата на Шкендија. Знаеме колку овој натпревар е важен, но веруваме и дека секој Вардарец го знае тоа. Затоа во недела, ве повикуваме сите. Заедно сме во оваа борба – до крај“, соопштија од клубот.