Вардар се засили со 32-годишниот Алтипармаковски


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Најтрофејниот македонски фудбалски клуб Вардар потпиша договор со 32-годишниот напаѓач Марјан Алтипармаковски.

Алтипармаковски доаѓа во скопскиот гигант од екипата на Раднички Белград, а претходно играше и во Првата лига каде што настапи на 164 меча и постигна 41 гол.

Во својата богата кариера има настапувано во екипите на Работнички, Брегалница, Струга, Пелистер (Македонија), a како интернационалец има настапувано и во Судува (Литванија), Лачи (Албанија), Инкер Запрешиќ (Хрватска), Панилиакос, Ксанти (Грција), Раднички Белград (Србија), Сараево (Босна), Пирин (Бугарија), а настапи и 13 пати за младата репрезентација на Македонија.