Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Најтрофејниот македонски тим Вардар почна да создава екипа со која следната сезона ќе сака да избори враќање во Првата лига.
„Црвено-црните“ денеска потпишаа со Дарио Десниќ, кој веќе има искуство во неколку македонски тимови.
„Десниќ е новиот фудбалер кој ќе го облече црвено-црниот дрес. Офанзивниот фудбалер ни доаѓа од екипата на ФК Скопје и потпиша едногодишен договор со нашиот тим“, соопшти Вардар.
Десниќ е трето засилување за Вардар, откако претходно во клубот пристигнаа Јован Попзлатанов и Симеон Христов.