Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Европскиот шампион Вардар се засили и со Ловро Јотиќ, кој минатата сезона го носеше дресот на Еурофарм Пелистер.
Вардар во претходниот период се засили со неколку ракометари, со кои ќе се обиде да стигне до нокаут-фазата во Лигата на шампиони, а денеска го потврдија и Јотиќ.
Јотиќ претходно преговараше и за преселба во Бенфика, но клубот го намали буџетот, па Вардар ја искористи можноста и го ангажираше.
Вардар претходно се засили со Јагуриновски, Кантегрел, Георгиевски, Талески, Вујин, Векиќ, Валчак и Гаџа.