Вардар се засили со Ристовски


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Најтрофејниот македонски фудбалски клуб Вардар ангажира уште едно засилување во јануари, а тоа е Марјан Ристовски.

Ристовски доаѓа од екипата на Силекс и ќе ја продолжи кариерата во редовите на „црвено-црните“, односно ќе ја засили офанзивната линија од теренот.

Македонскиот фудбалер досега во Првата лига настапи на 106 натпревари, а притоа постигна 17 голови и 18 асистенции.