Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Вардар неодамна го освои вториот трофеј во Лигата на шампиони во нивната историја, а по завршувањето на сезоната неколку ракометари си заминаа од таборот на „црвено-црните“, што автоматски значеше дека тие ќе тргнат по нови засилувања.
Досега беа потврдени неколку засилувања за Вардар за следната сезона, а најнов ракометар на „црвено-црните“ треба да стане Хозе Толедо, кој ќе пристигна од Висла Плок.
Овој 25-годишен ракометар ги помина последните четири години во Полска, а се очекува да биде квалитетно засилување за Вардар, зашто е добар и во играта во напад и во одбрана.
Вреди да се спомене и дека Бразилецот има освоено златен медал во 2016 година и сребрен медал во 2018 година на Пан Американските игри.