Вардар се збогува со десетмина фудбалери! (Фото)


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Најтрофејниот македонски тим Вардар денеска се збогуваше со десетмина фудбалери од минатата сезона, па почнува нова страница и се надева на враќање во македонската Прва лига.

„Црвено-црните“ соопшптија дека се разделуваат од Дарко Стојанов, Филип Петковски, Дарко Гроздановски, Ване Јованов, Иван Мицевски, Кристијан Костовски, Оливер Пеев, Никола Наумоски, Филип Илиќ и Трајче Стојковски.

Тренерот Бобан Грнчаров ќе има доволно време да пронајде квалитетни засилувања кои треба да му помогнат во борбата за враќање во елитата.