Вардар се збогува со Дисингер: Германецот се сели во Романија 📸


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Вардар летово ќе се раздели со германскиот ракометар Кристијан Дисингер, кој својата кариера ќе ја продолжи во Динамо Букурешт.

Дисингер потпиша двегодишен договор со екипата од Романија и ќе го напушти Вардар, кој претходно се засили со Анте Кудуш, кој игра како лев бек и пристигна од Динамо Букурешт.

Дисингер три сезони го носеше дресот на Вардар, а со македонската екипа освои две титули во македонското првенство, како и титулата во Лигата на шампиони.