Вардар со победа против Кожув го заврши првиот дел од сезоната


Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст ↓↓↓


Најтројфениот македонски клуб Вардар славеше со 2-0 против Кожув и така се искачи на првото место на табелата во Втората лига.

Головите за Вардар ги постигнаа Дарко Мицевски и Кире Маркоски, а Кожув во финишот се разбуди, но не успеа да го совлада Гачевски.

Вардар со триумф го затвори првиот дел од сезоната, додека останатите екипи утре од 13 часот го играат последниот меч за 2022 година во Втората лига.