Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Лидерот во македонскиот шампионат Вардар не ги почна најдобро подготовките во Анталија, откако загуби со 1-3 од хрватски Хајдук Сплит.
„Црвено-црните“ имаа водство од 12. минута на мечот, па до самиот финиш од средбата, кога Хајдук успеа да направи целосен пресврт и за само 17 минути да го „нокаутира“ Вардар.
Во последните 17 минути од мечот Хајдук израмни преку Крековиќ на 1-1, а потоа Теклиќ погоди за 2-1, додека Крековиќ ги постави конечните 3-1 за хрватскиот гигант, по што Вардар не можеше резултатски да се врати во мечот.
Вардар ги продолжува подготовките во Анталија, а нивни следен противник е Динамо Киев.