Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Екипата на Вардар претрпе пораз на својот прв официјален натпревар откако доживеа целосен ремонт на тимот.
Од „Јане Сандански“ со победа која не значи ништо си замина тимот на Нексе кој славеше со 26:25.
Во текот на целиот натпревар се играше израмнет ракомет полн со грешки на двете страни кои се разбирливи по долгата пауза која ја имаа ракометарите.
На крајот Вардар мораше да се вади и со гол на Валчак во последните моменти од натпреварот да обезбеди пласман на фајнл-фор турнирот во СЕХА лигата.