Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Вчера беше објавено дека Вардар се договорил со хрватскиот ракометар Анте Гаџа, сепак неговиот ангажман нема да оди толку лесно како што се очекуваше.
Гаџа требаше да биде замена за Сташ Скубе, кој замина од Вардар, но засега нема договор со екипата од Хрватска. ППД Загреб објави дека македонскиот тим ќе мора да плати ако сака да го добие Гаџа.
„Во Вардар знаат колку треба да платат за да го добијат Гаџа. Кога ќе платат, тогаш може да се каже дека е нивни ракометар. Во моментов не е ништо договорено“, соопштија од Загреб.
Таа информација ја потврди и Гаџа, кој кажа дека не потпишал никаков договор со европскиот шампион, а доколку се договорат двете екипи, тогаш трансферот на хрватскиот ракометар ќе се реализира.