Вардар замина на подготовки во Словенија


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Македонскиот прволигаш Вардар ќе ги продолжи подготовките за новата сезона во Словенија, каде што ќе одигра неколку пријателски меча.

„Црвено-црните“ ќе бидат во градот Раденци, а покрај тренинзите се очекуваат натпревари против ривали чии имиња ќе бидат објавени во следниот период.

„Одличните услови за тренинг и релаксација, кои покрај самиот град ги нуди и врвно рангираниот хотел Радин, кој со години важи за една од најдобрите бази за подготовка во регионот, надалеку препознаен по своите квалитетни услови, веруваме дека ќе допринесат кон подобро воигрување на екипата, како на физички така и на тактички план“, соопшти Вардар.