Васкез испрати специјална порака до Крос (Фото)

Тони Крос соопшти дека ќе замине во пензија по крајот на Европското првенство (ЕП), каде што ќе настапи со Германија.

Крос на крајот на сезоната се збогува најпрво со „кралевите“, а потоа и со цела Германија затоа што смета дека е време да замине на одмор.

Пристигнаа голем број пораки до Крос, а меѓу нив беше и една од Лукас Васкез.

„Ме зае*а. Една од најголемите привилегии беше да се игра покрај тебе. Колку заеднички моменти и колку многу успеси. Ти си легенда. Ти посакувам сè најдобро“, порача Васкез.