Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Најтрофејниот македонски клуб Вардар денеска ги претстави Александар Васоски како нов тренер и Ѓоко Хаџиевски како нов спортски директор.
Васоски и Хаџиевски на прес-конференцијата кажаа дека им е чест што ќе бидат дел од Вардар и сакаат да му помогнат на клубот.
„Огромна чест и задоволство ми е што се вратив во тимот кој ми даде многу работи во кариерата. За жал, не победивме против Силекс, но видов напредок во играта“, кажа Васоски.
Хаџиевски се враќа во тимот и кажа дека ќе работи во Вардар волонтерски.
„Јас доаѓам во Вардар од љубов кон тимот. Мојата функција е волонтерска и сакам да помогнам со целото мое срце“, вели Хаџиевски.