Вчера доби награда за најдобар во Европа, а пред седум години ќе го загубел животот!


Му ги броиме деновите на Тен Хаг во Манчестер! ↓↓↓


Фудбалерот на Ливерпул, Вирџил Ван Дајк вчера беше прогласен за најдобар играч во Европа од страна на УЕФА.

Одличниот дефанзивец ја зема наградата пред Лионел Меси и Кристијано Роналдо, па на вистински начин ја одбележа одличната сезона со „црвените“.

Ван Дајк во текот на кариерата имаше многу предизвики, а на 20 години кога настапуваше за Гронинген можел да го загуби животот.

Поранешниот тренер на клубот, Дик Лукиен откри дека Ван Дајк имал сериозна инфекција на бубрег, поради која можел да почине.

„Му се слоши по еден натпревар. Мислевме дека е обична настинка, но подоцна дознавме дека има опасна бактерија, која му ги фатила бубрезите. Беше болен, а не ја знаевме причината. Сепак, за среќа успеа да го преброди тоа“, вели Лукиен.