Вечер на големи возбудувања и пресврти во Лигата на шампионите

Денешните натпревари  во Лигата на шампионите ни донесоа вистинско уживање во екстра возбудливи средби на кои имаше многу пресврти.

Се чини најинтересно беше на „Стемфорд Бриџ“ каде Челси и Ајакс ги поделија бодовите играјќи натпревар со осум погодоци (4:4). Ајакс дојде до водство со автоголот на Абрахам, а Жоржињо израмни на 1:1.

Потоа следеа три гола на Ајакс преку Квинси Промес,  Кепа (аг.) и Дони ван де Бек. Кога се чинеше дека Ајакс ќе победи, следеа два црвени картони за гостинскиот тим, Челси се отвори па со головите на Аспиликуета, Жоржињо и Џејмс стигна до израмнување на резултатот.

Одличен меч беше одигран и на „Вестфален“ кадеБорусија Дортмунд славеше против Интер со 3:2. Гостинот од Италија по првото полувреме имаше предност од 2:0, но „милионерите“ со три гола во вториот дел го свртија резултатот.

Резултати:

Ливерпул- Генк 2:1

Лион- Бенфика 3:1

Наполи –Салцбург 1:1

Валенсија- Лил 4:1

Челси- Ајакс 4:4

Борусија- Интер 3:2