Вечерва ќе ги гледаме Мурињо, Погба, Кејн повторно на малите екрани … Два спектакли во двете најсилни лиги!


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Како што се навикнавме во последните денови, европскиот фудбал ни нуди добри натпревари скоро секоја вечер, а вечерва ќе имаме можност да гледаме два.

Клубовите од Англија и Шпанија се повторно на теренот. Гледаме два натпревари во Премиер лигата и 3 во Ла Лига. Во двете лиги има по едно дерби на програмата.

Првиот натпревар од 30-то коло од Премиер лигата во Лондон започнува во 21:15 часот со Тотенхем и Манчестер Јунајтед, а 45 минути подоцна во Севилја, истоимениот домаќин на стадионот Рамон Санчез Пискуан го започнува натпреварот против Барселона.

Ова ќе биде прва можност да ги видиме акциите на Тотенхем и Манчестер Јунајтед по повеќе од три месеци. Така ќе можеме да уживаме во ремек-делата на Сон Хунг-мин, Хари Кејн, Маркус Рашфорд, Пол Погба…

Многумина сакаа да го видат Жозе Мурињо на малите екрани, па со сигурност можеме да кажеме дека ова треба да биде вистинскио уживање за фудбалските гурмани.

Освен носталгија, натпреварот има и многу важен конкурентен карактер затоа што станува збор за борба за ЛШ. Ова ќе биде последна шанса за Петлите да ја решат борбата за четвртото место, додека Јунајтед не смее да си дозволи лош резултат со оглед на тоа дека во моментов е само минус три во споредба со Челси кој го држи последното место што води до најелитното европско клупско натпреварување .