Вечна табела во Премиерлига: Ливерпул е прв, Јунајтед не е ниту во топ-3


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Многумина уживаат во англискиот фудбал и Премиерлигата, во која секоја година се води голема борба за првите четири места на табелата, но и за титулата.

Па многупати се поставува прашањето кој клуб е најуспешен од самиот почеток. Во вечната табела на англиската прва лига на прво место е Ливерпул, кој поминал 105 сезони во најсилниот ранг и освоил неверојатни 6.846 бодови.

Арсенал е второпласиран со 103 сезони во елитата и 6.723 бодови, а интересно е тоа што Евертон е трет со 117 сезони и 6.655 бодови. Дури на четврто место е Манчестер јунајтед со 6.343 бодови од 95 сезони.

Астон вила во 106 сезони освои 5.864 бодови, Манчестер сити 5.230 бодови во 90 сезони, а во топ-10 се уште и Челси со 5.074, Тотенхем со 5.050, Њукасл со 4.851 и Сандерлен со 4.551 бод.