Веќе ништо не се крие: Ова е листа на играчи кои Солскер ги сака во Манчестер Јунајтед


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Манчестер Јунајтед денеска потпиша договор за ангажман со Солскер.

Тој направи одлична работа со Црвените Ѓаволи откако во декември минатата година го превзеде кормилото од Жозе Мурињо.

Норвешкиот стручњак успеа повторно да ги врати Црвените Ѓаволи на врвот на табелата и да стигнат до четвртфиналето во Лигата на Шампионите иако сите ги отпишаа во натпреварот против ПСЖ во осмина-финалето.

Солскер докажа дека е спремен да води голем великан како што е Манчестер Јунајтед. Плановите за оваа сезона веќе се во тек и наводно Норвежанецот веќе има листа со желби за засилување на Јунајтед.

Англиските медиуми денеска објавија кои играчи Солскер сака да ги види во Јунајтед ова лето, а тоа се Тони Крос, Марко Верати, Иван Ракитиќ, Саул Нигез и Кансело.

Јасно е дека нема да можат да го донесат баш сите овие играчи, но сигурно ќе пробаат да се заврши барем еден трансфер. Наводно, Кроз и Саул ќе бидат главната мета на Црвените Ѓаволи ова лето.