Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Португалскиот тренер Жозе Мурињо многу добро ја започна својата работа на клупата на Тотенхем.
Посебниот на два натпревари има запишано две победи со дури седум постигнати погодоци, а еден од неговите миленици сигурно ќе биде Бразилецот – Лукас Моура.
Се работи за играч кој не доби многу шанси во првиот состав кај Маурицио Покетино, но со доаѓањето на Жозе сето тоа се промени.
Моура јавно изјави дека му е мило што му се допаѓа на Мурињо.
„Многу сум среќен бидејќи му се допаѓам и што го покажува тоа. За мене многу важно е да ја имам довербата од тренерот и се надевам дека ќе можам да му помогнам нему и на тимот“, кажа Моура после синоќешниот натпревар во Лигата на Шампионите против Олимпијакос и додаде:
„Секогаш ќе пружам се од себе и многу сум среќен бидејќи ми пружи прилика да играм. Мислам дека сите многу добро го познаваат. Нема потреба да зборувам за него бидејќи тој е победник, шампион. Има освоено многу трофеи и сигурен сум дека ќе придонесе многу за нашиот клуб“.
Бразилецот додава дека позицијата како напаѓач не му одговара баш најмногу.
„Сите посакуваат да заиграат без оглед на позицијата. Но, сите знаат дека јас не сум напаѓач, тоа не е моја позиција. Кога Покетино ме ставаше на оваа позиција, секогаш се трудев да дадам се од себе бидејќи најважната работа е тимскиот успех. Сега се чуствувам многу добро на мојата позиција како крило. Секогаш играв овде, се чуствувам добро и среќно“, изјави Моура.