Велбек ова лето ќе го менува клубот: Останува на Островот, но во клуб кој е прилагоден на неговата форма…


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Крилниот фудбалер на Арсенал, Дани Велбек со години беше дел од најголемите клубови на Островот, но се чини дека ова лето сепак ќе се спушти на едно ниво на кое се доближи благодарение на партиите кои ги нудеше во текот на кариерата.

Велбек моментално е член на Арсенал, но и оваа сезона многу повеќе е надвор од теренот поради повредите отколку на теренот, а и кога е тука не нуди партии кои ги задоволуваат навивачите на Арсенал.

Поради тоа, на лето, пренесуваат англиските медиуми, требаше да ја промени средината, а засега е заинтересиран само Њукасл.

Некогашниот напаѓач на Манчестер Јунајтед има договор со Арсенал до крајот на оваа сезона, а истиот нема да биде продолжен од страна на „Топчиите“, па Њукасл може да го добие бесплатно.

Како што се доближува преодниот рок, така веројатно интересот за Велбек ќе расте, па Њукасл веројатно нема да биде единствениот клуб кој ќе се обиде да го донесе.

Инаку, Велбек оваа сезона одигра вкупно 14 натпревари во сите натпреварувања, и постигна пет погодоци, а запиша и една асистенција.