Венгер бесен: Да имам 300 милиони фунти за засилувања ќе ги потрошам!


Се за новиот формат во Лигата на Шампиони! ↓↓↓


После ремито од 0:0 кај Лестер, тренерот на Арсенал Арсен Венгер рече:

„Можевме да извлечеме повеќе, имавме шанси. Лестер влезе многу директно, а на нас ни требаше храброст да играме без грешки и така им даваме шанси од контри. Лестер е ментално многу силна екипа, затоа и беа шампиони“.

„Да, имавме баш добри шанси. Ни недостасуваше брзина и таа клучна топка, завршен пас. Жиру не е сосема спремен, а и на Озил му требаат уште седум дена. Канте е Канте, имаше голем впечаток, но Лестер и понатака ја има таа голема одлучност“.

„Трошењето на пари не е некој квалитет. Спремни сме да потрошиме, би потрошил 300 милиони фунти да имам 300 милиони фунти и да пронајдам вистински играч. Но клубот има 600 вработени, а тоа е голема одговорност“.

„Смешно е после натпреварот да зборуваме за пари, наместо за игра. Но, така е тоа денес, под влијание на медиумите…а никој, да речеме, не зборува за играта на Холдинг. Па би требало да бидете воодушевени од него, бидејќи е Англичанец! Но, можеви вас не ви е интересен бидејќи чини 55 милиони фунти“, ги критикуваше Венгер медиумите.

А играчите ги отфрлија тврдењата на домаќините кои два пати бараа пенал. Дринквокер падна после  стартот на Кошчелни, кој рече:

„Мислам дека малку ја турна топката и дека не беше пенал. Лестер играшд добро на контри…“

А Хектор Бељерин се бореше со живчаниот Муса.

„Падна, сакаше да изнуди пенал, тоа е исправна одлука на судијата“.

И Вегер зборуваше за двете ситуации:

„Не знам, морам да ги погледнам снимките…, но играчите на Лестер сакаат да испровоцираат пенал, затоа и толку многу ги добија во минатата сезона“.