Венгер ги разбесна навивачите: Ја пушта првата виолина на клубот за 40 милиони


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Арсенал во ова лето помалку наеднаш може да остане без својата прва виолина, Алексис Санчез.

Одличниот фудбалер веќе долго време се наоѓа на мета на Старата дама, а се чини дека до трансферот може да дојде наскоро.

Алексис неодамна со Чиле се закити со титула на Копа Америка, а сега е многу блиску до преселба во Торино.

Гоал јавува дека Топџиите нема да прифатат понуда од Јувентус од 30 милиони евра за поранешниот напаѓач на Удинезе, но се чини дека ќе ја прифатат таа од 40 милиони.

Ова веќе предизвика незадоволство меѓу навивачите на Арсеанл, кои се незадоволни од трансфер политиката на својот клуб.

Во врска со тоа, веќе долго време се појавува барање за Арсен Венгер да го напушти клубот.