Венгер го обвини Фабињо: Тенка е линијата меѓу тоа дали мамиш или си паметен


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Интер синоќа на гости славеше против Ливерпул со 1-0, но не успеа да се пласира во четвртфиналето на Лигата на шампиони (ЛШ).

Интер на почетокот на второто полувреме постигна гол за 1-0 преку Лаутаро Мартинез, меѓутоа само една минута подоцна пристигна шок за гостите.

Алексис Санчез заработи црвен картон кој предизвика многу критики, а се јави и легендарниот тренер на Арсенал, Арсен Венгер кој го обвини Фабињо.

„Тенка е линијата меѓу тоа дали мамиш или си паметен. Фабињо во овој случај мамеше. Имаше контакт и не може да кажете дека тој беше доволен за жолт картон. Ако станеше побрзо, реакцијата од судијата ќе беше поинаква. Алексис ја удри прво топката и немаше намера да го повреди, а Фабињо го искористи тоа за да одглуми“, вели Венгер.