Венгер пред историската ноќ на Енфилд: Единствениот стадион каде не сакате да играте реванш


Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст ↓↓↓


Фудбалскиот свет сеуште е во неверување после тоа што се случи синоќа на Енфилд.

Барселона успеа да ги прокоцка трите погодоци предност кои ги имаше од првиот натпревар против Ливерпул и со поразот од 4:0 беше елиминирана во полуфиналето на Лигата на Шампионите.

Редсите на 1 Јуни во Мадрид ќе имаат шанса да се борат за трофејот, а интересно е тоа што легендарниот менаџер на Арсенал, Арсен Венгер не го отпиша Ливерпул пред почетокот на натпреварот.

Како гостински коментатор во beIN Sport францускиот стручњак објасни зошто Ливерпул има толку многу успех во Европа, а делумно прокоментира што ќе се случува на мечот против Барселона.

„Секој гол кој ќе го примите на домашен терен е смртоносен. Затоа голот во гости е многу важен. Ливерпул е многу јак таму каде што Барселона е слаба. Ливерпул лесно стигнува до погодок, а ако не постигнете против Барса, сами сте си криви. Но, да не заборавиме дека и Барселона знае како да постигне погодок.“, рече Венгер, и додаде:
„Ливерпул нема освоено ни една титула веќе 30 години, а во Европа им оди многу добро. Зошто? Енфилд. Домашниот терен. Енфилд е единствениот стадион каде што не сакате да одете на реванш-натпревар, бидејќи поради атмосферата“, истакна легендарниот Французин.