Венгер спреми 65 милиони за Германец?


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Доведува уште еден офанзивец, но не и класичен напаѓач?

Изгледа дека од Игуаин нема ништо, наводно Наполи бара за Аргентинецот 75 милиони и Жиру, што е за Арсенал премногу.

Мората останува во Реал, Венгер изгледа се врти кон Хулијан Дракслер. Волфсбург е непопустлив, но Арсенал ќе понуди според информациите на англиските медиуми 65 милиони евра за германскиот репрезентативец.

Тоа јасно значи дека во самиот шпиц нема ништо да менува, а тргнаа шпекулации дека ова е вовед во продажба на незадоволниот Алексис Санчез.

Сепак, таков расплет е тешко да се виде, иницијативата на Јувентус е одбиена, Гунерите немаат намера да продаваат никој од водечките играчи.

Венгер после евентуалното доведување на Германецот, може да се сврти кон потполнување на последната линиja, а сите шпекулации најавуваат го меркаат својот поранешен стопер Вермален, кој не се наигра во Барселона.