Венгер верува во Арсенал: Не сум песимист, овој тим има голем потенцијал!


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Арсенал минатиот викенд ја оствари првата победа во Премиерлигата, и тоа против Норич, а навивачите и покрај тоа не се задоволни.

„Топчиите“ не штедеа пари ова лето и беа купени неколку засилувања, но засега на теренот Арсенал делува многу лошо.

Сепак, Арсен Венгер верува дека Арсенал ќе се разбуди и ќе биде многу добар во продолжение од сезоната.

„Навивач сум на Арсенал, па со емоции зборувам за клубот. Можеби е подобро да не зборувам. Имавме два тешки дуели на стартот, не сум песимист. Сакам момците да се вратат и мислам дека ќе се разбудат. Постои голем потенцијал“, кажа Венгер.

Арсенал по четири одиграни кола се наоѓа на 16. позиција со една победа и дури три порази.