Вердаско го тужи Ролан Гарос


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Шпанскиот тенисер Фернандо Вердаско ќе го тужи Ролан Гарос за дисквалификација од Грен слемот по позитивниот тест за коронавирус.

Вердаско верува дека тестот бил лажно позитивен со оглед на тоа што тој веќе го прележал Ковидот во август, а според него, организаторите на турнирот не му дозволиле повторно да биде тестиран.

По дисквалификацијата, тој беше тестиран неколку пати и резултатите беа негативни, поради што најави дека ќе го тужи Ролан Гарос.

Да, без сомнение сакам да ги тужам. Никој не може да поверува на турнир како Ролан Гарос. Не станува збор за пари, туку за лична и професионална штета “, објасни Шпанецот.

“Не знам дали ќе играм повторно оваа година, бидејќи веќе не сум расположен за игра. Организаторите прават се што сакаат, тие се недоследни и не се почитуваат играчите. Правата на играчите не значат ништо. Замислете го мојот гнев, тие покажаа големо непочитување кон играчот кој играше во Ролан Гарос последните 16 години. И ден откако бев дисквалификуван, правилата беа променети и сега можете да направите уште еден тест. Ова беше капка што ја прелеа чашата“, додаде Вердаско.