Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Раџа Наинголан, играчот за врска на Рома, откри дека Томас Вермален може да дојде во Рим.
Наинголан и Вермален се другари и членови на белгиската репрезентација, а во текот на ЕВРО во Франција малку разговараа и за приватните кариери.
Раџа во еден момент му предложи на стоперот на Барса да се придружи во Рома, на што овој позитивно одговори.
„Томас е одлична личност и многу добар играч и веќе покажа дека е човек за големи работи. Го прашав дали би дошол во Рома и ми рече дека тоа му се допаѓа и дека ќе ја разгледа таа идеја. Сепак, тој е тој кој донесува одлуки“, рече Наинголан.