Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Германскиот репрезентативец Тимо Вернер е блиску до враќање во Премиерлигата, откако Тотенхем постигнал договор со Лајпциг.
Новинарот Фабрицио Романо објави дека Вернер ќе игра во Тотенхем како позајмен фудбалер до крајот на сезоната, а во договорот ќе има и откупна клаузула.
Вернер претходно играше две години за Челси од 2020 до 2022 и притоа настапи на 56 меча во Премиерлигата и постигна 10 гола.