Весела географија или провокација? Веспрем најави дека игра против Вардар од – Јужна Македонија!? (ФОТО)


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Европскиот шампион Вардар во сабота гостува кај Веспрем во Лигата на шампиони, па унгарскиот тим на чуден начин го најави мечот против македонската екипа, а очигледно лицата кои го водат официјалниот сајт на клубот не знаат од каде е противникот, кој ги суреди во минатогодишното финале на елитното натпреварување.

Веспрем направи чудна грешка пред мечот, па тие најавија дека Вардар доаѓа од Јужна Македонија. Тоа е доста чудно со оглед на тоа дека македонскиот ракометар Дејан Манасков игра во нивниот тим, а очигледно тие не знаат од каде доаѓа.

Да не претеруваме со обвинувањата, па можеби тие сакале да го искористат новото име на нашата држава, но очигледно ја утнале географската одредница.

Исто така, тие во текстот имаат уште една грешка, а тоа е што споменуваат Јужномакедонци, а не Македонци.