Веспрем му краде уште еден искусен ракометар на Вардар


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Европскиот шампион Вардар очигледно следното лето ќе остане без уште еден искусен ракометар, а станува збор за Данил Шишкарев, кој наводно ќе потпише со унгарски Веспрем.

Рускиот ракометар Тимур Дибиров во текот на вчерашниот ден откри дека финансиската состојба во Вардар не е воопшто добра, иако некои мислат дека раборите се средени.

Еден ден подоцна од Скопје пристигнува информација дека Шишкарев решил да го облече дресот на Веспрем, каде што настапува македонскиот репрезентативец Дејан Манасков.

Да потсетиме, Шишкарев пристигна во Вардар од Чеховски Медведи во 2004 година, а беше дел од македонската екипа, која се искачи на европскиот врв во 2017 и 2019 година.

Во Веспрем играат веќе неколку поранешни ракометари на Вардар, а тоа се Мораеш, Штербик и Борозан.