Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Таткото на голманот на Ливерпул, Алисон Бекер се удавил на пливање во езеро во близина на неговиот имот во Бразил.
Бразилските медиуми пишуваат дека 57-годишниот Жозе Агостино Бекер во средата заминал на пливање на имотот во близина на едно градче и никогаш не се вратил.
Пожарникарите заминале да го пронајдат неговото тело, а тоа се случило околу полноќ, по што бразилските тимови Флуминенсе и Интернасионал испратија пораки со сочуство за семејството Бекер.
Братот на Алисон, Муриел Бекер е голман на Флуминенсе, а заедно во минатото тие бранеа и за екипата на Интернасионал.