Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Американскиот кошаркар Расел Вестбрук го напушти Вашингтон визардс и негов следен тим ќе биде Лос Анџелес Лејкерс.
Лејкерс за Вестбрук ги испратија Кајл Кузма, Монтрезл Харел и Кентавиус Колдвел-Поуп, како и 22. пик на драфтот.
Вестбрук заедно со Леброн Џејмс и Ентони Дејвис ќе формира нов дрим-тим и Лејкерс ќе се обиде повторно да ја нападне титулата.
Трејдот на Лејкерс и Визардс официјално ќе биде потврден на 6 август, а Вестбрук е роден во Лос Анџелес и конечно се враќа дома.
Овој 32-годишен плејмејкер играше 11 сезони во Оклахома, а потоа во Хјустон за на крајот да се пресели во Вашингтон и во просек имаше 22,2 поени, 11,5 скокови и 11,7 асистенции по натпревар.