Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Големите НБА-ѕвезди полека се прилагодуваат на тоа дека Лука Дончиќ доминира и ги преминува, иако има само 20 години. Сепак, има и такви кои не сакаат да се соочат со тоа, а еден од нив е Расел Вестбрук.
Дончиќ си поигра со Хјустон, а го посрамоти и Харден, па стигна до нови рекорди, при што на +20 во третата четвртина, Вестбрук доби блокада, а потоа го турна Словенецот надвор од теренот. Вестбрук сакаше да се одмазди, но на погрешен начин го направи тоа.
Во секој случај, Дончиќ игра во врвна форма сезонава и очигледно не планира да запре со неговата доминација, па доколку продолжи вака тогаш уште многу рекорди ќе паднат до крајот на сезоната, но и во годините кои доаѓаат.
Doncic is miles clear of Westbrook these days https://t.co/qQFzqjIWyN
— Elastico (@fakerabona10) November 25, 2019