Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Расел Вестбрук повторно остана сам во Оклахома сити тандер. Откако пред три години го напушти Кевин Дурант, кој тогаш се пресели во Голден Стејт вориорс, сега истото го направи и Пол Џорџ.
А уште минатата година потпиша максимален договор со Оклахома на пет сезони. Тој имаше одлична година, постигнуваше по 28 поени на меч, а во плејофот Оклахома испадна уште во првата рунда.
Џорџ имаше проблеми со рамото, но најмногу критики доби Вестбрук, кој беше надигран од страна на Дамиен Лилард.
Засега останува непознато каде ќе ја продолжи кариерата Вестбрук, кој не е задоволен во Оклахома, а како следни дестинации се споменуваат Њујорк никс, Мајами хит…